Во соопштението на американската амбасада во Тирана, во врска со неделните локални избори, се наведува дека амбасадата „ги поздравува оценките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, дека изборите на 30 јуни генерално биле спроведени на мирен и регуларен начин и дала генерално позитивна оценка за пребројувањето на гласовите”.

Се согласуваме како што посочи и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека политичкиот грч и поларизацијата придонесоа за избори во кои гласачите немаа целосен избор. И покрај препреките, албанскиот народ, и оние што учествуваа на изборите и оние кои беа воздржани го искористија своето демократско право на мирен начин и им честитаме за тоа,стои во соопштението.

Оние што сакаат да го оспорат резултатот од изборите може да очекуваат од Уставниот суд, за кој се надеваме дека ќе биде формиран наскоро, со судиите кои поминаа ригорозен процес на ветинг. Како и секогаш, САД се заедно со албанскиот народ како партнер, пријател и сојузник. Ние сме посветени да помогнеме во зајакнувањето на владеењето на правото и градењето посилна демократија и посветла иднина за сите Албанци,се нагласува во соопштението на амерканската амбасада.

Инаку, Уставнот суд на Албанја не функционира речиси две години.Ветингот го помина само еден од девете судии,колку што брои судот. За место во оваа највисока судска инстанца,која според најавите треба да биде формирана до крајот на овој месец, имаат конкурирано 18 судии.