Двајца припадници на мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) се фатени при обид за кражба во еден локал во Приштина, објавува РТК на српски јазик.

Обезбедувањето во локалот ги фатило двјацата крадци по што била повикана полиција, која утврдила дека станува збор за Русинка и Албанец што работат за УНМИК.

По апсењето, случајот го презаемал обвинител од приштинскиот суд.