Родителите на малиот Коста на секој можен начин се обидуваат да го сменат идентитетот и да започнат нов живот, пишува „Република.рс“

Миљана Кецмановиќ, мајката на масовниот убиец Коста Кечмановиќ (13) од ОУ „Владислав Рибникар“,  планира да с создаде нов идентитет за себе и за својата ќерка (10) и да ја напушти Србија.

Тој план го смислила со сопругот Владимир, од кого планира фиктивно да се разведе за да ја прикрие трагата на криминалот на синот и некако да се спаси себеси, ќерката и сопругот од можна крвна одмазда.