Во Албанија регистрирана е првата жртва од студот. Жртвата на многу ниските теператури е Ј.П.(58) од селото Равоник кај Корча. Тој патувал со велосипед, се зализгал, паднал, изгубил свест, по што починал.
Лекарите од регионалната болница во Корча потврдиле дека смртта настапила како последица на студот.
Подрачјето на Корча секоја зима е погодено од големи снежни врнежи и сибирски температури кои во просек одземаат по пет човечки животи.
На територијата на Албанија деновиве има многу ниски температури, а снежната покривка достигнува над 30 сантиметри. Во ридско-планинските подрачја, како што е подрачјето на Голо Брдо и Гора, снегот е над 40 сантиметри, поради што повеќе села се отсечени од светот.
Comments are closed for this post.