Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај вели дека опасност за Балканот не е Косово туку Србија и дека предложил на Македонците, Црногорците и Хрватите да се формира пакт против Србија.
Тој во интервју за „Вечерњи лист“ тврди дека Србија не сака да го дестаблизира Косово туку и целиот регион.
Тоа на сите им е јасно. Кога не предизвикува криза со Косово тогаш тоа е со Хрватска или пак Македонија и Црна Гора. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг. Тоа не е ли чудно. Во неколку наврати со Македонија, Хрватска и Црна Гора разговарав со челниците на тие држави да основаме пакт кој би се спротиставувал на Србја и на нивната агресивна политика- вели Хоџај.
Хоџај пред неколку дена беше во Скопје на прославата на денот на Албанското знаме
Вицепремиерот во интервјуто побара од САД и ЕУ да разберат во кој правец оди Балканот за десет години.
-Посебно за Босна, Косово и Македонија. Ако не ја сфатат опасноста од српската политика никој не знае што ќе се случи со Косово и Македонија, а посебно со БИХ-објаснува Хоџај.
Comments are closed for this post.