Одлуката на Илир Мета да ги одложи локалните избори не може да се толерира.Таа ги надминува сите негови уставни надлежности како шеф на државата, рече меѓу другото албанскиот премиер Еди Рама во своето обраќање на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на чиј дневен ред е барањето за импичмент на претседателот Мета.
Рама не ги штедеше зборовите за обвинување на Мета, оценувајќи при тоа дека „за жал, ова Собрание е принудено да се справи со брутален и неодговорен акт на Илир Мета“.
„Се прашувам што бара Илир Мета повеќе од Албанија, кога се уште не наполнил 50 години, а бил и премиер и претседател на Парламентот и претседател на државата. И крал да стане на сите албански простори Илир Мета нема да биде задоволен“, рече Рама, кој потсети оти токму тој го дал гласот за Мета да стане претседател.
Рама порача дека по овој срамен, неуставен чин, Мета не заслужува повеќе да остане во претседателската канцеларија и го посоветува добро да ја прочита Резолуцијата, која ќе биде изгласана на денешната седница.
Наспроти често употребуваната изрека на Мета „со смиреност и љубов“, Рама тоа му го порача да го направи „со смиреност и бистрина“.
Критики упати и до неговите опоненти, лидерот на демократската партија (ПД) Љуљзим Баша, поранешниот премиер и претседател на Албанија и екс лидер на ПД,Сали Берша и до претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Мета.
Според него, идеолози на се она што опозицијата и го прави на Албанија, со што го уништува имиџот во светот, се Бериша и Мета додека Баша и Круемади се нивни вазали.
Коорднаторката на новата пратеничка група на Демократската партија, Рудина Хајдари рече дека Резолуцијата на Социјалистичката партија нема законска вредност и оти претседателот може да се смени единствено врз основа на Уставот. Тоа подразбира дека опозицијата нема да гласа за Резолуцијата што ја предлагаат социјалистите.
Comments are closed for this post.