Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19, јавија бугарските медиуми.
Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател, како што јавуваат бугарските медиуми, е генерал во бугарската Армија.
Последниот јавен настан каде што биле присутни Радев и генералот бил во петокот, на празникот наАрмијата. На настанот бил присутен и министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.
Comments are closed for this post.