Радев, како што пренесуваат бугарските медиуми, кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото.
Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии, вели Радев.
Според него, ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи.
Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите, истакнал Радев.
Румен Радев најавил дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.
Comments are closed for this post.