Српските власти на големо се подготвуваат посетата на претседателот на Русија во четврток. Ништо не се остава на случајноста па ни за тоа што Путин ќе јаде, пишува Република.рс

Познато е дека за предјадење ќе бидат послужени пршута и колбаси, тартар бифтек, сирење, гибаница, пита од компир, како и сарма.

За главно јадење е одлучено да има телешко под сач, лесковачка мучкалица, јагнешко и свинско, како и кисела зелка и лути пиперчиња.

За десерт Путин ќе јаде орасница, пита со јаболка и со тиква како и чоколаден мус.