Проширувањето на Европската унија е приоритет на романското претседателство со Унијата. Ова го изјави романскиот министер за европски прашања, Георге Циамба по неформалната средба со претставниците на земјите-кандидати за членство во Унијата – Албанија, Македонија (Северна Македонија), Србија, Црна Гора и Турција
За Романија, проширувањето на ЕУ е важен аспект на ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ и ние мораме да обезбедиме дека секој кандидат ќе постигне напредок за време на тој период“, изјави тој.
Циампа истакна дека „додека се зборува за Брегзит се заборава дека има земји кои сакаат да станат членки на ЕУ, и не само што сакаат туку неколку се и подготвени за тоа“.
Ова е критичен процес кој ќе донесе стабилност на Балканот и затоа тој е многу важен за Романија“, изјави Циамба.
Comments are closed for this post.