Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, кој престојува во официјална посета на Берлин, по средбата со германскиот хомолог Волфганг Шојбле, изјави дека идејата и плановите за „корекција на границата со Србија“ и евентуална размена на територии не потекнуваат од косвскиот претседател, Хашим Тачи.
Размената на територии е дамнешна тема на Србија и Русија. Не е на претседателот Тачи. Се соочуваме со една игра, која настојува да ја води Србија со гранниците, но Косово не треба да прифати да создаде преседан со својот случај за ниту еден друг конфликт. Косово е независна и суверена држава и Косово ќе го сочува својот територијален интегритет и суверенитетот, изјави Весели.
Во интервју за Дојче Веле, претседателот на косовското собрание изјави дека кога ќе се формира Заедницата на општини со мнозинско српско население, таа нема да има извршни надлежности и нема да претставува „трета власт” во косовската држава.
Ќе биде асоцијација на српски општини, која подобро ќе ги интегрира Србите, граѓани на Република Косово, во нашите институции, во нашата суверена и незвисна држава, рече Весели.
Според него, „моментно нема држава која им дава повеќе права на заедниците одошто тоа го прави Косово”.
Comments are closed for this post.