Подготвени сме за нови избори, но пред тоа ќе направиме се за да спречиме таков развој на настаните, изјави во Јамбол Лена Бориславова, шеф на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков.

Таа заедно со потпретседателот на Собранието и пратеник од Јамбол Мирослав Иванов присуствуваше на отворањето на нова партиска канцеларија на „Продолжуваме со промените“.

„Мора да има функционално Национално собрание за да ги донесе тие 22 закони кои ќе гарантираат 13 милијарди лева да одат за бугарските домаќинства и бизниси“, нагласи Бориславова.

Бориславова има 33 години и стана позната пред неколку дена откако беше обавено како Петков ја фаќа за задникот пред влезната врата од нејзиниот дом.