Кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата, КОД, Горан Благоев во изјава за БНТ коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија, вели дека се неопходни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу Македонија и Бугарија се на точка на замрзнување.
Kако што јави дописникот на МИА од Софија, тој оценува и дека само со историја не може да се живее.
-Проблемот со Македонија е дека се говорат многу невистини. Тврдењето дека нема македонско малцинство во Бугарија е всушност неточно. Во Бугарија има луѓе со македонски идентитет, што е наметнат од поранешната Бугарска комунистичка партија, која управуваше 45 години – изјави Благоев.
Благоев го поствува и прашањето зошто на средбата кај претседателот на Бугарија Румен Радев имало луѓе кои претставуваат само една гледна точка, алудирајќи на средбата во Софија на шефот на бугарската држава со претставници на здруженија на Бугарите во Македонија.
Според Благоев, во тој контекст, не треба да се зборува за бугарско малцинство во Македонија, туку Бугарија треба да ги брани индивидуалните права на секој бугарски државјанин кој има бугарски идентитет.
Тој оценува дека впишувањето на Бугарите како посебна етничка група ќе даде, како што вели, „основа за претензии за македонско малцинство во Бугарија од страна на Република Македонија“.
Благоев го постави прашањето што се случува со лажните вести за наводното уништување на бугарските воени гробишта во близина на Кавадарци за коишто се утврди дека се уништени за време на Кралството Југославија во 30-те години на 20 век, оценувајќи оти таквите работи „предизвикуваат непријателството да биде посилно, а разумот да исчезне“.
Comments are closed for this post.