Земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јонското Море, долж грчкиот остров Закинтос.
Земјотресот е регистриран во раните утрински часови на 76 километри југозападно од Закинтос.
Грчката агенција АНА забележува дека на островот имало повеќе силни земјотреси со јачина на 4 степени, како многу други потреси кои биле под 4 степени според Рихтеровата скала.
Секојдневните потреси во изминатиов период на Закинтос се последица на силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што се случи на 26-ти октомври, а истиот беше почувствуван и во Македонија, Албанија и Италија.
Comments are closed for this post.