Познатиот хрватски новинар Александар Станковиќ со билборди низ Нови Сад го кани Ѓорѓе Балашевиќ во емисија. Станкович кој е водител на една од емисиите со највисок рејтинг на ХРТ “Недељом у 2” ( Во Недела во 2) смислил оригинален начин за тоа како да го покани во неговата емисија еден од најголемите естрадни ѕвезди на овие простори.
Станковиќ вели дека и доколку Балашевиќ не дојде или каже дека нема да гостува тој нема да се налути. Како потпис на билбордите стојат имињата на ликовите од песните на Ѓорѓе Балашевиќ. Во неговата емисија го чека 15 години.
Бев пред петнаесетина години кај него дома. Се се договоривме и одеднаш се премисли. До него пробав да дојдам уште неколку пати потоа, но сопругата и менаџерот не ме пуштаа. Со негови песни се вљубував и го заспивав моето дете, вели Станковиќ.
Comments are closed for this post.