Во Бугарија е формирана работна група која до крајот на годината ќе предложи измени на Законот за бугарското државјанство, изјави денеска во Стара Загора, министерката за правда, Цецка Цачева.
Бугарија е среде скандал по откритијата и апсењата на одговорни лица во Агенцијата за Бугарите во странство кои на нелегален начин и за пари издавале уверенија за бугарско потекло.
Од мај 2017 година до крајот на јуни, Министерството за правда му предложи на вицепремиерот да го отфрли бугарското државјанство за 750 случаи од различни причини – нецелоснa документација, недостаток на доволно докази, неоправдани, а некои и докажани со криминолошка експертиза, лажни документи. Сето ова докажува дека постои таков проблем, вели Цачева.
Работната група ќе има за задача да го промени Законот за бугарското државјанство во две главни насоки -првата е добивање на бугарско државјанство по основ на потекло, а втората поврзана со можноста за стекнување на бугарско државјанство по натурализација, преку т.н. инвестиции.
Инаку Бирсел и Стразбур досега во неколку наврати побараа Бугарија да ја смени законската регулатива за издавање на државјанство.
Comments are closed for this post.