Поранешниот романски претседател Трајан Басеску изјави дека поддржува легализација на проституцијата, со цел намалување на шверцот со луѓе.
Басеску го критикуваше недостигот на храброст кај некои политичари кои не се осмелуваат да се спротивстават на Романската православна црква и да предложат предлог-закон во таа насока.
Обемот на трговија со млади жени, особено од селата, го направи овој феномен… мора да се преземе акција за промена на казнената политика за ваквите активности, изјави синоќа Трајан Басеску за телевизија Б1.
Има многу несреќни мажи, кои не можат да си пронајдат партнерка и прибегнуваат кон вакви услуги. Мислам дека дојде моментот да ја отвориме дискусијата за легализација на проституцијата како решение за намалување на незаконската трговија со луѓе, истакна поранешниот претседател.
Како пример тој ги посочи Германија, Холандија и белгија каде проституцијата е легализирана и жените се заштитени.
Comments are closed for this post.