Поранешниот голман на ракометниот клуб Металург,српскиот интернационалец Дарко Станиќ, кој во моментов е државен секретар во министерството за млади и спорт предизвикал скандал на дебата за родово насилство во Белград, пишува српски Блиц.
Според весникот претставници на невладината организација “Атина” тврдат дека Станиќ на претставувањето на анализата за полово насилство прво ги навредил жените дека се ложи возачи, а потоа со документи ја удрил колешката Ана Капетановиќ по задникот.
Станиќ тврди дека ја закачил по пршлените, а Капетановиќ вели дека немало никаков контакт. Сепак претстаавничката на Управниот одбор на невладината организација “Атина”, Јелена Хрњак сведочи дека се случило нешто друго.
Говорејќи за предрасудите кои владеат за жените во нашето општество како онаа дека не се добри возачи Станиќ со гестикулација изрече несоодветен коментар “Па да која жена добро вози? Не познавам ниту една. Добро можеби познавам една. По завршувањето на конференцијата на очиглед на сите присутни со констатација “Кој вели ека жените се неумесни возачи? Така ли е?”, колешката Ана Капетановиќ со списите кои ги држеше во рака ја удри по глутеусот, изјави Хрњак.
Comments are closed for this post.