Полицијата во Малта отпочна масовна потера по Србин кој извршил напад со нож. Негова жртва е 58 годишен Македонец, кој се бори за живот во болница.

Нападот се случил во понеделникот вечерта околу 21 часот. Мажот со потекло од Македонија е тешко повреден откако меѓу нив избила расправија во местото Бугиби, на северот од Малта.

Македонецот во вечерните часови сиот крвав, со убодни рани, дошол во болницата „Матер деи“, а неговата состојба и понатаму е критична, заради што овој случај се третира како обид за убиство.

Полицијата веднаш тргнала во потрага по извршителот, но до утринските часови не го пронашле. Се пребаруваат локации на Бугибу, Квавру и Сент Полс беј. Малтешката полиција ги замоли сите оние кои имаат било какви информации за напаѓачот да се јават во најблиската полициска станица.