Двајца полицајци отишле на увид на ограбен банкомат во хрватскиот град Пореч на полуостровот Истра, па го искористиле мигот за да украдат од парите кои останале по кражба.

Портпаролката на полицијата потврди дека двајцата полицајци се уапсени и осомничени за кражба.

Според полициските податоци, полицајците не учествувале во обивањето на банкоматот, туку извршиле втора кражба, откако претходните крадци го разнеле со експлозија банкоматот, ограбиле и побегнале.