Од дененска значајно поевтинува роамингот меѓу земјите од регионот. Новите намалени цени ќе важат за Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово.
Намерата е за две години да се изедначи разговорот дома и во овие земји.
Засега повикот од 64 денари ќе чини само 4,5 денари, а пак доколку ви се јават ќе чини 2,46 денари. Пораката ќе чини само 2,2 денари.
Најголем пад на цените има на интернетот во роаминг. За потрошен мегабајт интернет, ако досега се плаќаше 218 денари, од утре тој ќе чини само денар и половина.
Comments are closed for this post.