Црногорскиот парламент поделен по прашањето за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, која власта ја поддржува, а дел од опозицијата се противи.
Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ истакна дека пратениците имаат историска шанса како и дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион. Тој наведе дека тоа е единствениот пат за остварување на напредокот на Западен Балкан.
Пратеникот на владеачката ДПС, Обрад Станишиќ изнесе уверување дека со членството во НАТО ќе се даде полн придонес кон стабилноста на Западен Балкан. И пратеникот од опозициската СДП, Рашко Коњевиќ, порача дека партијата ќе го поддржи во Собранието протоколот за пристап на Македонија во НАТО.
Лидерот на Нова спрска демократија Андрија Мандиќ, меѓутоа, порача дека ДФ нема да го поддржи протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО. Тој приговараше на пратениците на ДПС, бидејќи свечено го пречекале претседателот на Собранието Талат Џафери.
Тој е најпознат по носењето автомати и пукање на македонски полицајци. Срам да ви е!, порача Мандиќ.
Членките на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протколот за пристап на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка на Алијансата.
Comments are closed for this post.