И хрватскиот премиер Александар Пленкковиќ најостро ја осуди изјавата на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани за италијанска Истра и италијанска Далмација. Пленковиќ вели дека на изјвата се противат и хрватската влада и ХДЗ. Тој во неа гледа територијални претензии и ревизионизам.
Морам да признаам дека вакво нешто не очекував, имавме квалитетен однос секогаш до сега. Не сакам воопшто да го оправдувам. Не може да го оправда ниту пувбликата на која и се обраќаше. Тоа е неприфатливо, вели Пленковиќ.
Comments are closed for this post.