Хрватската полиција е способна сама да ги контролира своите граници и не и потребна дополнителна помош од Европската агенција за гранична контола, Фронтекс, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.
Нашата соработка со Фронтекс е одлична. Нивниот авион од Задар го контролира целиот простор на југоистикот на Европа. Што се однесува до силите на Фронтекс што треба да одат на југоситокот на Европа, ние мислиме дека тие треба да се распоредат на оние надворешни граници каде има поглема пропустливост на мигранти – изјави Пленковиќ, кој во Слацбург учествува на Самитот на ЕУ.
Европската комисија предложи план со кој се предвидува засилување на контолата на надворешните граници на ЕУ со распоредување на дополнителен број припадници на Фронтекс.
Хрватска има надворешни граници на ЕУ кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Comments are closed for this post.