Температури под нула степени Целзиусови денеска беа регистрирани на многу места во Романија, а како последица на студеното време почина еден планинар.
Романските синоптичари соопштија дека утринава во градот Миеркуреа Чук, е регистрирана температура од минус 3,8 степени Целзиусови. За утре тие најавуваат уште постудено време.
Властите соопштија дека 22-годишен планинар починал од хипотермија во болница во централна Романија.
Портпаролот на болницата во Сибиу информира дека планинарот бил донесен во бессознание со тешка хипотермија и срцев удар.
Раководителот на планинарските спасувачи Сабин Корне изјави дека никој не очекувал такво „сурово и турбулентно време“.
Ваков студениот бран е невообичаен за Романија во овој период од годината
Comments are closed for this post.