Полицијата во Грција уапси и српски државјанин поради сомнение дека учествувал во кражба на бунди, вредни половина милион евра.
Како што пишуваат грчките медиуми, 45-годишниот Србин, кој веќе го доби прекарот „златни прсти“ во тамошните медиуми, е член на криминалната група Пинк Пантери и еден од нејзините водечки членови.
Според порталот Protothema.gr, кражбата се случила пред неколку дена, а од фабрика за крзно во градот Касторија биле земени вредни бунди. Најголем дел од украдените парчиња, вкупно 85 вредни 500.000 евра, се пронајдени во стан на Грк кај Солун.
Во станот се уапсени двајца српски државјани, кои учествувале во грабежот. Го бараат третиот Србин, како и сопственикот на станот во Солун .Провалниците ја скршиле оградата на фирмата, влегле во дворот, го скршиле прозорецот и на тој начин влегле во внатрешноста на објектот. Му го одзеле крзното и го префрлиле во стан во Солун. Автомобилот што го користеле во грабежот, бил украден и завчера во близина на Солун, а од друго возило биле отстранети регистарските таблички, за да може полицијата максимално да им влезе во трага.
– Меѓутоа, само неколку дена подоцна, полицијата денеска упадна во станот и ги пронајде клучевите од три автомобили, два заглавувачи на сигнал, безжични предаватели, реплика на оружје и алат со кои се краделе автомобили. Уапсените се изведени во обвинителството и против нив е поведена постапка за учество во криминална група, кражби, фалсификување и повеќе други кривични дела. Истрагата е во тек, а се трага и по преостанатите членови на групата – пренесува овој грчки портал.
Comments are closed for this post.