Пазарот за шверц на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно, според извештајот на Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК). Иако оваа сума е далеку под просекот на илегалниот профит создаден за време на хуманитарната криза од 2015 година, сепак таа покажува дека сеуште има одреден активен пазар за шверц на мигранти низ регионот, кој е спротивен од напорите за затварње на “Балканската Рута“.
Тековни цени: анализиран протокот на луѓе, дроги и нелегални пари во земјите од Западниот Балкан овозможува детални информации за цените на рутите по кои се шверцуваат мигрантите во регионот. Се приложуваат детални мапи и анализи и се идентификуваат клучните точки на влез и излез за шверцот на мигранти низ Западен Балкан, како и локациите на центрите за трговија на дрога и пазарите за дрога. Пандемијата на Ковид-19 се чини не ги попречи значително овие нелегалните протоци на активности.Во делот на публикацијата кој се однесува на трговијата со дрога, извештајот нуди детални мапи на трговски рути, ја подвлекува вредноста на ланецт на трговијата со дрога преку границите, и информира за целосната продажна цена на дрогите во клучните жаришта во регионот, кои истовремено се и места каде вирее пазарот со дрога. Наговестувачки трендови во регионот вклучуваат:
* Зголемена култивација на канабис ( во затворени простории) во земјите освен во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија
* Силен проток на канабис од ЗП 6 кон Бугарија
* Силен проток на кокаин во повеќе правци, вклучувајќу ја Хрватска, Грција и пристаништата на Црното Море во Бугарија и Романија
* Зголемување на цените на производство и употреба на синтетички дрогиГолем број од жариштата идентификувани во извештајот се подложни на поли-криминалитет кој вклучува тргување на дрога и перње на пари во склоп на местата каде минуваат патиштата за шверц на мигранти. Иако овие локации се добро познати, сепак има малку заплени на дрога – освен оние на канабис – или приведувања на значителни криминалци што потикнува на размислување дека постои и “заштитена економија“ која овозможува профити, на овој статус кво на состојбите.
Извештајот заклучува дека „протокот на луѓе, дроги и нелегални пари преку Западен Балкан не следи правилни линии или пак вектори на мапа“.
“ Тие се движат најчесто на кратки дистанци, а истовремено се избираат и секогаш различни патишта за движење сетто во зависност од пречките и можностите кои ќе им се појават на патот на сторителите “ – вели Волтер Кемп, еден од авторите на извештајот.
„Трговците, шверцерите но и оние кои ги перат парите ги привлекуваат местата каде има низок ризик за влез преку границите, бизнисите но и банкарските системи. Најголем број од трансакциите во “подземјето“ не би биле возможни да се извршат без притоа тие да имаат соработници во „високите кругови“ “.
Извештајот исто така ги надгледува секторите и жариштата каде се перат пари. Во него се истакнува дека нелегалните заработки се создаваат во региони каде истовремено се перат и парите, а криминалните групи од Западен Балкан создаваат и големи профити (најмногу од трговија со дрога) надвор од тие региони.
„ Нелегалните пари кои се заработени и исперени во регионот се движат низ еко-системи на криминал и корупција“ вели Кристина Амерхаусер, една од авторите на извештајот.
Додека извештајот дава на увид детали околу цените и рутите за шверц на мигранти и дроги тој и ги исцртува и нелегалните протоци на пари, но истовремено и нотира дека за целосно да се истражат состојбите се потребни повеќе информации кои ќе пристигнат во јавноста особено од официјални извори.
„Зачудува колку малку надлежните или не знаат, или не сакаат да ги споделат своите информации поврзани со податоците на дрога, нивните цени, чистината на дрогата, заплените и навиките за конзумирање на истите како и податоците поврзани со перењето на парите “ вели еден од авторите на извештајот Руџеро Скатуро. „За политиките да бидат изградени врз база на докази, нам ни се потребни повеќе докази – не само на национално ниво, туку и на жариштата на криминал во регионот воопшто“.
Comments are closed for this post.