За само неколку дена Панос Каменос од министер за одбрана и владин партнер на Алексис Ципрас остана само со статусот – лидер на Независни Грци (АНЕЛ). Тој очајно се бори да зачува пет пратеници за да може да има парламентарна група.
Но, Каменос веќе нема потреба да се облекува во униформа како министер за одбрана. Најпрвин беше снимен како руча во една таверна додека се биеше битка во парламентот за секој глас, а сега е „фатен“ на вечерна забава со бузуки. Го игра познатото зембекико, објави „То вима“.
Што се однесува до неговиот рејтинг – тој моментално изнесува 0,4 проценти.
Comments are closed for this post.