Американскиот заменик-помошник државен секретар, Метју Палмер,со средбата со шефот на албанската држава, Илир Мета, ја заврши дводневната посета на Тирана.
За средбата Мета објави кус текст на социјалните мрежи соопштувајќи дека разговарале околу влошената политичка ситуација во земјата и можностите за излез од неа.
-Имавме отворена и пријателска средба околу влошената политичка ситуација во земјава и излезот од неа со цел земјата да оди напред. Заеднички интерес за зацврстување на демократијата и правната држава, кои се темели на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша Мета.
Претходно,во текот на денов Палмер се сретна со Љуљзим Баша и Моника Круемади,со кои имаше одделни средби подолги од еден час.Синоќа тој се сретна со премиерот Еди Рама.
Од она што до сега го објавуваат медиумите Палмер заминал разочаран,бидејќи не успеал д ги доближи ставовите на власта и опозицијата.
И покрај апелот опозицијата да се врати во Парлментот и да учествува на локалните избори во јуни,Круемади по средбата рече дека Албанците сами треба да си ги решаваат проблемите а од партијата на Баша дека нема избори се додека на власт е Еди Рама
Comments are closed for this post.