Припадници на српско МВР во соработка со Безбедносно-информативната агенција и надлежните обвинителства во Белград и Нови Сад поради постоење основи на сомнение ги уапси Д.К.(35), Д.З.(52) и Д.Б.(36).
Тие се теретат дека сториле кривично дело поттикнување на насилна промена на уставното уредување, а Д.Б се товари и за кривично дело недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Тројцата уапсени се обвинети дека ги повикувале граѓаните да се соберат масовно во Белград и насилно да ги урнат Владата и претседателот на Република Србија.
Кај Д.Б., полицијата пронашла карабина со оптика и слична муниција, која, како што се сомнева, претходно му ја предал М.Ј кој е приведен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Се сомничи дека оружјето претходно го отуѓил М.Ј, па се товари и за кривично дело тешка кражба.
Comments are closed for this post.