Судењето на родителите на Коста Кецмановиќ кој го изврши најгрозоморното злосторство во Србија, убивајќи девет ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, го следат и семејствата на жртвите.
Родителите на убиените деца, како и семејството на убиениот Драган Влаховиќ, со солзи дојдоа во Палатата на правдата, гушкајќи се во знак на поддршка.
Најтажната слика денеска е од мајката на убиеното девојче Ема, Нина Кобиљски која седеше во вториот ред во судницата. Во рацете ја држеше и ја галеше сликата на нејзината ќерка, врамена во бела рамка.
Comments are closed for this post.