Словенечкиот публицист Роман Лељак, по повеќе децениско истражување го откри правилникот на тајната служба на поранешна Југославија УДБА. Оваа служба сеела страв кај граѓаните и биле уништени многу човечки судбини меѓу кои и на Македонци.
Изборот на соработник се вршел директно преку приведување или индиректно од брачниот другар, роднина или пак љубовник. На соработникот треба да му се создадат услови за природно познанство со оној кого го следи.
Тоа најдобро се правело преку откривање на емоционалните слабости на лицето или пак сексуална врска.
Околу тоа дали лицето кое е соработник треба да биде наградено, службата сметала нема пишано правило и дека останува на слободна проценка.
Крајот на следењето на некое лице се вршело на два начина преки запирање на процесот или пак крај поради постигнување на целта.
Лицето кое било следено на крајот завршувало или со кривично гонење или пак физичка ликвидација.
Comments are closed for this post.