Претставници на парламентарната опозиција во Црна Гора, на седмиот протест под слоганот „Пружи отпор – 97000“ ја потпишаа Спогодбата за иднината со која, меѓу другото, побараа оставки на водечките луѓе во државата и формирање техничка Влада.
Пред неколку илјади луѓе собрани на Плоштадот на независноста во Подгорица, Спогодбата ја потпишаа пратениците на Демократскиот фронт, партијата Демократ, Социјалдемократската партија, Социјалистичката партија, партијата Демос, како и независните пратеници.
Претставникот на движењето „Пружи отпор“, Славиша Грубиша, изјави дека со Спогодбата бараат оставки на претседателот на државата, Мило Џукановиќ, премиерот, Душко Марковиќ, челниците на обвинителството, Ивица Станковиќ и Миливој КАтниќ, директорот на Агенцијата за спречување на корупцијата, Сретен Радоњиќ, како и раководството на Радио-телевизија Црна Гора.
Претставници на граѓаните, заедно со пратениците, се обврзуваме на заедничка борба за промена на власта“ – се наведува во Спогодбата.
Основен предмет на Спогодбата се условите за одржување фер и демократски избори, а потписниците на Спогодбата се обврзаа дека нема да учествуваат на ниту едни избори што ќе бидат одржани пред исполнување на барањата.
По потпишувањето на Спогодбата и обраќањето на говорниците, граѓаните одржаа протесна прошетка низ градот.
Comments are closed for this post.