Албанскиот Парламент денеска ќе одржи пленарна седница, а истовремено пред законодавниот дом обединетата опозиција организира протест.
Според најавите, седницата на Парлементот почнува во 10 часот, додека протестот во 9.30 часот.
Од 16 февруари обединетата албанска опозиција има одржано шест големи протести пред Владата и Парламентот, на кои се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада и спроведување предвремени парламентрни избори.
Масовен протест опозицијата закажа за 13 април пред Владата, но ќе протестира пред Парламентот секогаш кога ќе има седница.
Последниот протест се одржа на 21 март пред зградата на албанскиот Парламент, кој потоа се префрли пред Полицискиот директорат во Тирана. Протестот пред Парламентот беше тензичен, се фрлаа димни бомби и тврди предмети кон полицијата, имаше обиди за насилно влегување во објектот и употреба на солзавец и водени топови од страна на полицијата.
Comments are closed for this post.