Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во емисијата “Ново утро” на Телевизија Пинк и порача на српската опозиција дека нема намера да бега никаде од Србија бидејќи како што рече не украл ниту еден динар за разлика од нив. На прозивките дека не работи “Малев” и дека не може да оди во Будимпешта алудирајќи на случајот со Груевски, Вучиќ на опозиционерите им одговори “Само вие сонувајте”.
Луѓе немојте да сонувате. Моите деца не се во Лондон и Њујорк како вашите. Сите три мои деца се овде и нема да заминат. Освен ако некогаш не одлучат поинаку. Но нема да бегаат поради вас. Не ми паѓа на памет да одам било кога било каде. За разлика од вас јас не сум украл ништо, рече Вучиќ.
Целото интервју на Вучиќ во кое во голем дел се осврнува на односите со Косово погледенете го овде.
Comments are closed for this post.