За време на одбележувањето на дваесет години од НАТО бомбардирањето на Србија, клучна фигура во српските медиуми  беше поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт.  Медиумите открија нови информации поврзани со нејзиното минато.

За време на окупацијата на Германија на Чехословачка, Медлин со родителите едно време се криела во Белград. Кога војната завршила, судбината повторно ја носи во Србија поради службата на татко и кој бил диплмат.

Токму во Белград Медлин запознала едно момче Србин во кој била многу вљубена. Но таа љубов била невозвратена и тој ја оставил за друга и дури  и не и кажал дека ќе се жени. Оттогаш Медлин ги замразела сите Срби и затоа многу подоцна се залагала тие да бидат бомбардирани.