Еколошки групи повикаа на итни мерки против загадувањето на воздухот во Тузла, предупредувајќи дека концентрацијата на прашина во воздухот е далеку над дозволеното ниво и предизвикува прерана смрт.

Во извештајот објавен денеска од групацијата Бенквоч Нетворк, Алијансата за здравје и животна средина и Центарот за екологија и енергетика на Босна и Херцеговина, беше побарано властите да се откажат од плановите за изградба на друга работна единица во локална термоцентрала што користи лигнит.

Во извештајот се заклучува дека главна причина за загадувањето во Тузла е пепелта од термоцентралата и блискиот рудник. Беше истакнато дека загадувањето на воздухот во Тузла е двојно поголемо отколку што е дозволено во 75 проценти од деновите кога е вршено мерење во 2018 година. Тоа според нив е причина за 100 предвремени смртни случаи. Од Тузла засега нема официјална реакција на извештајот.