Возачот на автобусот на „Ниш експрес“ во кој при судир со воз загинаа седум лица, а повредени беа 32, е сослушан во основниот суд, по што му беа одредени 30 дена притвор, објави „Курир.рс“.

Според неофицијални извори, возачот се бранел дека постапил според правилата во сообраќајот, застанал пред пругата, погледнал лево – десно па потоа тргнал, а возот одненадеж се појавил и удрил во автобусот.

Сепак неофицијано, неговата изјава ја демантира видо – снимка од автобусот на која се гледа моментот кога автобусот ја преминува пругата, а возачот не погледнува ни лево ни десно, туку само право.

Возачот е осомничен за тешко дело против безбедност во јавниот сообраќај, а казната затвор која му се заканува може да биде во времетраење од една до осум години.