Вишиот суд во Подгорица ја прифати жалбата на Специјалното државно обвинителство и му одреди притвор и на вториот пратеник на опозицискиот Демократски фронт, Милан Кнежевиќ поради одбивање на сведочи во предметите на обвинителството, соопшти денеска судот.
Претходно, во раните утрински часови при излез од Собранието беше уапсен опозицискиот пратеник Небојша Медојевиќ, кој е спроведен во затворот Спуж.
Медојевиќ и Кнежевиќ повеќе месеци одбиваат да достават податоци за судијата кој наводно понудил 10.000 евра за да укине пресуда поради напад на полицаец во 2015 година.
По апсењето, од ДФ предупредија дека Црна Гора се наоѓа на работ на граѓанска војна, а Кнежевиќ порача дека нема доброволно да и се предаде на полицијата и со колегите ќе остане во Парламентот
Comments are closed for this post.