Со пригодна свеченост на која присуствуваа политичари, дипломати, историчари и претставници на дипломатскиот кор се одбележа 90-годишнината од прогласувањето на Кралството Албанија.

Албанија стана монархија во септември 1928 година. Основач е Ахмет Зогу, по одлуката на уставната асамблеа за формирање демократско парламентарно кралство. Претходно, од 1922 до 1924 Зогу бил премиер, а од 1925 до 1928 претседател на Албанија.

Ахмет Зогу ја дал Заклетвата врз Библијата и Куранот. На тронот останал до 7 април 1939 година, кога Албанија потпадна под италијанска окупација, по што тој ја напуштил земјата.

90-годишнината од создавањето на Кралството Албанија, претставува моментот за да се погледне со реализам и објективно на настаните кои ја изградија современата албанска држава и нејзините институции, да се фокусираме на најпозитивните вредности и придонеси од секој период на нашата земја, посебно денес, за да изградиме подобра иднина за нашата младина – изјави албанскиот претседател, Илир Мета.

Инаку, Ахмед Зогу со сопругата и синот Лека први, кој бил шесмесечно бебе при напуштањето на Албанија, побегнале во Египет од каде дошле во Велика Британија,а од таму се преселил во САД . Неговата конечна животна дестинација е Франција, каде што живеел до крајот на својот живот. Починал во болница на 9 април 1961 година, на 76-годишна возраст.

Моштите на кралот Ахмет Зогу се вратени во Албанија во ноември 2012 година и со сите почести, беа погребани во кралскиот Мавзолеј во Тирана. Одлуката за враќање на моштите ја донесе албанска влада по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија – 28 ноември.

Кралското семејство, односно престолонаследникот Лека први, неговата сопруга и синот Лека втори и кралицата мајка Гералдина, во 2002 година од егзил се вратија во Албанија.