Турската команда прераспореди колона оклопни возила во подрачје каде се наоѓа турско-американскиот Центар за изведување на заеднички операции.
Според телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“ колоната оклопни возила ја напуштила територијата на командата 20 на Оклопната бригада во Шанлиурф и е под ингеренции под Третата команда на пограничните сили на границата со Сирија, во подрачјето на Акчакале. Во колоната има тенкови, оклопни возила, камиони со муниција.
Во таа касарна на 24 август почна со работа Центар за изведување на заеднички операции на Турција и САД.
Делегација на американската армија на 7 август имаше серија разговори во Анкара, при што беше одлучено во Турција да се отвори Центар за изведување на заеднички операции. Тоа беше договорено додека Анкара подготвуваше нова операција во Сирија, источно од Еуфрат. Таа територија во моментот е под контрола на Курдите, кои имаат поддршка од САД, а за Турција се терористи.
Целта на новиот центар е координација на напорите на армијата на Турција и на САД за реализација на плановите за формирање на тампон зона во северна Сирија.
Comments are closed for this post.