Од работилниците на најголемиот рударско-металуршки комбинат во Србија, РТБ Бор, од 2014 до средината на 2017 година се украдени точно 243 килограми злато, покажуваат резултатите од истрагата, пренесуваат „Вечерње новости“.
Цената на златото на светските пазари варираат, но според општи проценки штетите на комбинатот од кражбата се движат меѓу 8 и 9 милиони евра.
Весникот потсетува дека во мај минатата година биле уапсени четворица работници од оделот за производство на благородни метали во РТБ Бор. Заедно со нив бил приведен и уште еден бивш работник од оделот, како и двајца поранешни вработени во обезбедувањето. Во текот на истрагата се конфискувани 48 недвижни имоти-куќи, станови и викендички на осомничените и на нивни блиски роднини.
При претресите на домовите биле одземени 136.765 евра, 3.897 долари 98.000 динари, како и над еден килограм златен накит.
Comments are closed for this post.