Припадници на бугарската Гранична полиција на брегот на ’ртот Калиакра во североисточна Бугарија, открија торба со речиси 18 килограми кокаин, што „испловила“ од водите на Црното Море.
Како што јави БГНЕС, кокаинот бил спакуван во 16 пакети од по околу 1,1 килограми.
Полицијата проверува дали оваа откриена дрога е идентична со пакетите со кокаин што неодамна беа пронајдени на црноморскиот брег во местата Тјуленово и Сончев Ден во близина на Варна.
Коментирајќи ја последната заплена на кокаин, бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска по средба со раководителите на националните безбедносни служби, изјави дека во Бугарија „секојдневно се запленуваат по неколку стотици килограми“ дрога.
Comments are closed for this post.