Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард изјави дека Организацијата го смета за легитимен албанскиот Парламент и по пополнувањето на дел од пратеничките места од кои се откажа опозицијата, со кандидати кои беа подолу на гласачките ливчиња.
Ова е апсолутно нормален процес. Погледнете го Изборниот законик. Ви се нуди место и имате право да го прифатите или не. Според вашиот Устав, пратеникот не е обврзан со никаков задолжителен мандат. Членовите на Парламентот, како и во другите демократии, се слободни. Тие одговараат на нивните гласачи и совеста. Следователно, гласачите може да одлучат за судбината на овие пратеници на следните избори. Според моите сознанија, ниту парламентарната, ниту вонпарламентарната опозиција се уште не одлучиле дали ќе учествуваат на локалните избори или не. Несомнено, ние силно го охрабруваме учеството на изборите, изјави Бошард.
Инаку, по откажувањето од мандати на 55 од вкупно 62 пратеници на албанската опозиција, Централната изборна комисија потполни десет изпразнети места, откако идните пратеници потпишаа изјави.
Доколку тие се приклучат кон парламентарното мнознство, тоа би озвозможило усвојување на предлог-законите за чие донесување се потребни 84 гласови.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана во врска со протестите на обединетата албанска опозиција оцени дека тоа е демократско право, но оти тие треба да бидат мирни
Comments are closed for this post.