Жељко Ражнатовиќ Аркан бил убиен бидејќи требало да сведочи против Слободан Милошевиќ во Хашкиот суд, дознава „Курир.рс“. Според весникот, единствен кој имал корист да го види Аркан мртвов е Милошевиќ бидејќи му ги знаел сите тајни и убиства за време на војните во Босна и Херцеговина и Хрватска.
Милошевиќ имал доверливи информации дека Аркан ќе биде меѓу првите кој ќе сведочи во Хашкиот суд па решил што побрзо да се ослободи од него.Затоа, луѓето блиски до Милошевиќ стојат најверојатно до убиството во хотел Интерконтинентал на 15 јануари во Белград кога Добросав Гавриќ го застрела Аркан во фоајето додека седеше со пријатели.
Comments are closed for this post.