Силните ветрови и високите бранови кои во Јадранското Море достигнаа до пет метри височина, предизвикаа прекин на многу фериботски линии во Сплит.
Температурата во Далмација падна за десет степени, а на Биоково беа измерени само 3,3 Целзиусови степени. Силниот ветер и дожд предизвикаа сообраќаен метеж во Сплит во попладневните часови, со оглед на тоа што на повеќе места имало превртени контејнери и скршени дрва.
Бури со силни ветрови и дождови ја зафатија и областа Макарска. Брзината на ветерот достигнала и до 100 километри на час, а во прекин е и фериботската линија Сумартин-Макарска.
Во Брачкиот канал се уште трае потрагата по 25-годишна сурферка од Мексико која исчезнала за време на вчерашното невреме. Индекс.хр објавува дека потрагата по В.В.С е почната по дојава од хрватски државјанин, управник на сурферска школа.
И во Црна гора невремето предизвика големи штети. Комисијата за утврдување на штети ќе утврди колку штета предизвикало невремето што вчера ја зафати Подгорица, соопшти градоначалникот Иван Вуковиќ.
Тој рече дека ќе вложи максимални напори последиците од невремето да бидат што побрзо санирани. Во градот не работеле многу семафори, што предизвикало хаос во сообраќајот. Ветрот, кој дувал со 80 километри на час, предизвикал многу штета на електродистрибутивната мрежа поради што жителите во центарот на Подгорица три часа биле без струја.
Од бурата беа погодени и делови од Македонија. Во Скопско ветерот на моменти дувал со брзина од 90 километри на час. Искршени се повече дрвја и бандери, а делови од западните предргадија останале без електричлна енергија.
И соседна Грција е зафатена од силна бура. Први последиците ги почуствувале Солун и Халкиди. Бурата е наречена Ксенофон.
Comments are closed for this post.