Зборувајќи на годишнината од масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“, Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиената Ангелина, во подкастот „Бележница душе“ изнесе вознемирувачки тврдења дека „Нетфликс“ подготвува документарно-долгометражен филм за оваа трагедија.
Според неговите сознанија, кастингот за детските улоги е веќе во тек и дека филмот активно се подготвува, а се чека само ослободувањето на Коста од затвор за да се заврши приказната. Аќимовиќ верува дека зад обидот да се извлече момчето убиец од институцијата каде што моментално се грижи се крие – профит.
Тој, исто така, предупреди дека филмот би можел да поттикне нови напади, бидејќи испраќа погрешна порака до младите луѓе и ја претвора трагедијата во забава.
Comments are closed for this post.