На писмото на македонската партија во Грција, Виножито, во кое бара на Универзитетот Македонија да се изучува македонскиот јазик, стаса одговор, но објавен како неформален и тој е негативен.
Со други зборови, претставникот на Универзитетот, Стелиос Катранидис во изјава за Скај ТВ вели дека тоа што го кажува не е одговор на писмото на Виножито (Уранио токсо), јасно ставајќи до знаење дека не сака да му даде формален карактер на писмото.
Виножито, согласно конгресните заклучоци на партијата, побара на Универзитетот Македонија да се изучува македонскиот јазик на Одделот за Балкан, славистика и ориентални студии.
Катранидис давајќи негативен одговор на барањето, вели дека тоа „нема етичка основа“.
„Тие што го напишаа писмото не разбираат како работи еден универзитет. Универзитетите на прифаќаат барање на клубови, партии, агенции за нивните програми. Секоја лекција која треба да биде внесена во курикулумот мора да биде научно заснована и врз база на академските приоритети“, објасни Катранидис.
Тој додаде дека тоа што го зборува не е одговор на писмото, и дека потегот го сметаат за „неетички“.
Скај потсетува дека Виножито испратило писмо и до вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое бара богослужби на македонски јазик за македонското малцинство.
Comments are closed for this post.