Игор Вукотиќ, брат на убиениот Јовица ќе биде наследникот на Шкаљарците, прогнозираат познавачите. За Игор не се знае речиси ништо и не постои ниту една фотографија па ретко кој знае како изгледа.

Игор е на црвената листа на трагачи на Интерпол поради сомнеж дека организирал неколку ликвидации и со години успевал да и побегне на полицијата. Тој често е поврзуван со различни криминални дела, главно шверц на дрога од Латинска Америка во Западна Европа, иако нема конкретни докази кои на крајот би го ставиле зад решетки, како што беше случајот со Јован.

Некогаш во црногорските медиуми се појавуваат информации дека се наоѓа во некоја од европските земји, но се уште нема точни информации за неговото движење.


Последен пат зборуваше кога нивниот татко Веселин Вукотиќ беше убиен во 2019 година, со некролог во црногорски весник. Но, некрологот за убиениот брат Јован досега не се појави во медиумите