Српската полиција дојде до нови информации дека монструозниот клан на Веља невоља имал уште една крвава викендица, во Сурдук, а се претпоставува дека телото на Горан Михајловиќ е изгорено таму.
Се работи за куќа во градот Сурдук во Стара Пазова, која се наоѓа на парцела во чии рамки има шума. Оваа куќа, открива наредбата за спроведување на истрагата, служела за ослободување од телата.
Полицијата се сомнева дека го намамиле Михајловиќ да се сретне со Миљковиќ и Беливук, па го врзале во тајна соба во гаражата во викендицата на ужасите во Ритопек а потоа го однеле во другата во Сурдук за да се ослободат од телото.
Comments are closed for this post.